Page 13 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 13
ранохристијанска некропола. Издвоени се две фази од изградбата на овој
храм, при што, постарата фаза датира од шести век од времето на Јустинијан.
При инвазијата на Аварите, овој храм бил урнат, а неговата обнова уследила
во деветтиот век, по што се користел сè до шеснаесеттиот век, кога бил
дефинитивно урнат и необновен. Изградбата на ранохристијанската базилика
во Стена / Stenae ( Демир Капија), се поврзува со доаѓањето на Св. Павле во
првиот век на овие простори, кога се случуваат првите обиди за покрстување
на населението. Стена / Stenae (Демир Капија) била веројатно разурната и
опустошена со упадот на Аварите, а Јустинијан во обидот за одбрана и
утврдување на Европа (Балканот) со воени и фортификациски објекти,
повторно ја преселува Стена / Stenae (Демир Капија) на претходната локација
и ја обновува тврдината Просек, со што, населението се префрлува на левото
крајбрежје на реката Вардар, а со тоа се завршува и винската приказна за овој
крај, сè до време на обновување на Македонското Царство под Цар Самуил.
Периодот на македонската држава бил исполнет со пресврти, но и со
моќ, со којашто било создадено царството од Јадранското Море - па до Црно
Море, од реките Сава и Дунав - па до градот Просек. Во овој период,
повторно заживува винскиот култ, којшто на Тиквешката област, но и јужно
од демиркапијскиот теснец ѝ дава ексклузива во смисла на производство на
едно од најквалитетните вина во тоа време. Виното, коешто, пред сè, е дел од
христијанските обреди, од воени, поминува во цивилни потреби. Целокупната
христијанска популација се свртува кон виното и освен во ритуални цели, се
користи масовно и како пијалок. Големото Македонско Царство дава голем
импулс во смисла на разгранување на винските патишта кон континентот, и
наметнување на виното како пијалок на сите народи кои се под македонски
протекторат. Со зголемување на побарувачката на вино, се зголемува и
производството, но и виновата лоза масовно се сели кон континентот.
Тиквешкиот регион во тој период не ја губи својата доминантна позиција меѓу
производителите на вино на полуостровот, но доаѓа до миграција на еден дел
на македонската популација кон континентот, на просторите со слична
климатска и геолошка особеност. Во овој период се создаваат нови вински и
лозарски региони од коишто некои егзистираат до денешни денови. По
пропастот на Самуиловото Царство, Просек (Демир Капија) останува во
фокусот на политичките збиднувања од првото востание под Добримир Стрез,
па сè до второто востание, 1144 година, во време на Добримир Хрс, кога по
втор пат се воспоставува големото Македонско Царство, ослободено од
влијание и окупација на Византија. Од овој период немаме многу податоци за
економските состојби во Македонија, но во секој случај, бидејќи сè подлабоко
се устоличува христијанството, виното и понатаму има култна и религиозна
улога. Од овој период имаме релативно скромни остатоци, освен големите
амфори - ќупови, во коишто се чувало вино, и, керамичките садови, во
коишто е служено вино. Виното почнува да се чува во дрвени буриња и во
козји мешини, така што е невозможно останките од тој период како артефакти
да бидат сочувани до денешните денови. Во овој период имаме остатоци од
камени кладенци – корита, исклесани од варовник, во коишто се ставало
грозје и се гмечело со нозете и со дрвени трупови. Таквите останки на камени
садеви за гмечење на грозје се најдени во месноста село Бохула, Тиквешко.
Пред крајот на 13-от век, Македонија потпаѓа под Српска управа, а
винарството и лозарството сè поинтензивно се селат кон север. Тиквеш како
област помеѓу три реки и понатаму го негува лозарството, но сè повеќе доаѓа
до мигрирање на лозарите од овој предел и нивното заминување кон север. Во
првата половина на 14-от век, Tиквеш ја губи својата доминантна позиција, и
во овој период, областа помеѓу Градско и Велес, како и просторот од Велес
13
1
3