Page 15 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 15
совет добиен од француските ампелографи и енолози, купува голем имот од
турските бегови на потегот помеѓу Демир Капија и Неготино за да изгради
современа винарска визба и плантажи со лозови насади. Тоа е и воедно
период на ренесанса на Стена / Stenae, Просек во современа урбана населба
којашто добива име по железничката станица Демир Капија. Овој период
претставувал златна ера за развој на оваа населба, бидејќи по катастрофалниот
земјотрес во 1931 година, со епицентар во село Пирава, којшто буквално го
разурнува местото Валанадово, но и село Бања едно од имињата на Демир
Капија низ историскиот процес, во непосредна близина на кралскиот имот,
Кралот Александар Први Караѓорѓевиќ издава налог сите семјства од село
Бања да се згрижат во современи, од тврда градба изградени семејни куќи. На
овој начин, со 45 изградени куќи се создава урбано јадро на сегашната Демир
Капија.
Понатамошниот развој на Демир Капија е опишан во две монографии,
а развојот на винарската визба и кралскиот имот го опишува г-дин Воислав
Ламбев во монографија Имотот на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ.
Она што сакаме само да напоменеме е, дека современата визба во Демир
Капија, којашто всушност претставува и темел на современиот облик на
производство и полнење на вино во Република Македонија, по својот дизајн
претставува и една од најсовременитe и најубавите визби во овој дел на
Балканот во тогашно време. Во оваа визба произведените и флаширани вина
биле експортирани во речиси сите европски дворови, бидејќи династијата
Караѓорѓевиќ имала блиски роднински врски со речиси сите дворови во
Европа. За нас не е битно тоа што виното се експортира во Европа, но самиот
факт дека е присутно на кралски и царски трпези, само по себе зборува за
квалитетот на виното.
Со завршување на комплексната технолошка поставеност на
производството на вино, всушност и се завршува историјатот на Кралската
визба во Демир Капија бидејќи почнува Втората светска војна. Во ова време,
во тиквешкиот регион егзистирале неколку мали визби коишто полнеле
домашно вино, но далеку од квалитетот и квантитетот на Кралската визба во
Демир Капија. По Втората светска војна, во педесеттите години со втор
петтогодишен план се трасира патот на развој на лозарството и винарството
во Република Македонија, а којшто го подразбира лозарството како една од
клучните земјоделски гранки.
Во периодот помеѓу 1950-1960 година, во Македонија се градат 14
винарски визби, така што во седумдесеттите тиквешкиот регион со изградба
на најголема визба на Балканот, повторно го превзема приматот во
производството на вино. Периодот од шеесеттите, седумдесеттите, па дури до
осумдесеттите е златен период на лозарството и винарството во Македонија.
Република Македонија во тој период произведува вино коешто претставува
еден од важните извозни производи, така што во остварувањето на девизен
прилив во Републиката има свое високо место. Но тоа време, е и време на
производство на неконтролирано вино, во смисла на квалитетот, а додека
приоритет му се даваше на квантитетот. Во овој период, во Република
Македонија лозарството се развива без голема научна поставеност, така што
сортите на винова лоза се садени на големи површини, со желба да се
исполнат барањата на југословенскиот пазар, а со акцент на производство и
продажба на сурови вина. Дури во периодот на осумдесеттите и
деведесеттите, по формирање на институтот за лозарство во Република
Македонија, се изработува стратегија за видови на лозови насади кои по
својот квалитет им се конкурентни на француските, шпанските и
италијанските вина.
1
15
5