Page 11 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 11
Овој податок, е само еден од многуте во објаснувањето на присуство
на раноантичките тврдини околу Демир Капија. Една од вистините е секако
дека, најблизок пат од Солунскиот Залив кон континентот, поминувал низ
Демиркапијската Клисура. Тоа и овозможувало јака трговска фреквенција и
етаблирање на каравански патишта низ, или во непосредна близина на
клисурата. Покрај карванските патишта, реката Аксиј (Вардар), претставувала
и погоден воден пат за транспорт на дрвена граѓа, којашто наедно,
Македонците ја користеле и за градба на бродовите. Постои претпоставка
дека уште Фригијците тргувале со Феничаните и Египќаните, со дрво од
шумските региони на планините Кожуф, Серта и Клепа. Посебна е приказната
за Лина, вид на тиса, од којашто античките Македонци и Пајонци правеле
лакови и стрели, но и прочуените долги копја. Посебно значење во воената
формација на Филип Втори и Александар Трети се фалангите, во коишто,
најзначајно место имале копјаниците. Сите наведени ресурси, имаат за цел да
го оправдаат позиционирањето на Стена (Демир Капија) како исклучителен
трговски пункт. Но една од позначајните стоки со кои се тргувало, е секако
виното. Многу е важно да се изнесе фактот, што тиквешката област, уште во
тоа време, претставува голем вински регион, каде што примарна гранка на
домородците било лозарството. Во Стена (Демир Капија), била пронајдена
сребрена монета на пајонскиот владетел Теутај, којашто нумизматички
гледано претставува уникатен примерок во светската нумизматика. Монетата
на својот аверс има рељефно истакнат кантарос за вино, а на реверсот бик кој
што е особено присутен во македонската симболика. Монетата пронајдена на
локалитетот Маркова Кула, село Корешница, и поставува и загатка за
научната јавност. Се претпоставува дека оваа монета била искована во
населбата Стена, бидејќи немало слични монети од познатите ковaчници. За
нас е примарен симболот на аверсот, којшто укажува на култот вино, којшто
пак, веројатно имал приоритет. Монетата на Теутај Ι не е единствен патоказ
којшто зборува во прилог на ексклузива на Тиквешкиот регион и Демир
Капија, кога е во прашање виното. Еден сребрен статер, пронајден во Демир
Капија, на аверсот има кратер за вино, а на реверсот е Дионис на трон, со
подигнат пехар за вино во десната рака. Од вкупно шест познати кратери
(садови за вино) во светот, три се пронајдени во Демир Капија. Овие кратери
по својата големина и по уметничкото обликување, може да нè наведат дека
биле дел од храмот посветен на Дионис. Посебна приказна е кратерот којшто
е пронајден при ограбување на гробницата во месноста Корешница, во
непосредна близина на Стена (Демир Капија). Овој раритетен кратер
моментално е сопственост на фондацијата Шелби, но во секој случај, неговото
физичко недостасување, не го намалува значењето во научна смисла, а што го
има за докажување на епицентралното место на Стена (Демир Капија), кога е
во прашање винската конзумна култура.
Развојот на лозарството во Тиквешијата, е всушност континуиран
процес којшто со векови наназад, трае со ненамален интензитет. Во време на
доцноантичкиот период, во овој регион лозарството и производство на вино
заземаат, како гранка, доминантно место. Локацијата на Стена (Демир
Капија), којашто пак, всушност, е финале на Бошавската долина, има свое
место како најзначаен пункт, којшто во време на Антигон Втори Гонат
претставува простор, во којшто аристократијата и благородништвото ги
поседуваат своите имоти, а коишто во современа смисла би можеле да ги
наречеме имоти за одмор. Пронајдената хидрија-трпезна амфора од
работилницата на Медија, зборува во прилог на горе наведеното. Имено, во
светот се познати четири броја насликани хидрији од работилницата на
Медија коишто и во античкиот свет претставувале врв на уметничката
11
1
1