Page 12 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 12
обработка. Демир Капија со своите раскошни прилози, не престанува да нè
изненадува и возбудува. Пештерата Змејовец, оддалечена шест километри од
Демир Капија, во непристапен реон, крие приказна којашто со истражување
од страна на високи научни авторитети, може да претставува навистина
епохално откритие. При истражување на оваа пештера, уште во шеесетите
години, пронајдени се значајни керамички артефакти, но и кристален череп,
којшто, по кажување, бил испратен на експертиза во Швајцарија, од каде пак,
му се губи трагата. Сите наоди во пештерата Горен Змејовец, како и
надворешниот изглед, укажуваат дека се работи за митолошки влез во адот.
Оваа претпоставка, во колку се покаже како точна, ќе претставува една од
најпосакуваните туристички дестинации кај луѓето и од научната јавност, но и
на трагачите по посебности. Со научна верификација на оваа претпоставка, ќе
се отвори и уште едно прашање поврзано со античката митологија, каде
приказната за адот ќе стане сопственост на античките Македонци. Покрај
хидријата, во Демир Капија, во време на истражувања на археолог госпоѓа Д.
В. Тодоровиќ, во педесеттите години, бил пронајден и отсликан бокал и
отсликана чаша за вино. Убавината на изработката укажува на навистина
богата класа којашто можела да си овозможи конзумирање вино од ваквите
садови. Времето на производство на вино во овој регион продолжува и по
освојувањата на Римјаните во 168 година п.н.е. Пронајдени керамички
стомни, чаши и амфори, говорат во прилог за винска конзумна култура
којашто и во овој период била присутна. Стена (Демир Капија) во овој период
добива во своето име префикс, Стена, така што во периодот на формирање на
населбата од десната страна на реката Вардар, во непосредна близина на
десното крајбрежје на река Дошница, се нарекува Стена / Stenae. Во периодот
под римската окупација значајно е владеењето на императорот Диоклецијан.
Овој период бил исполнет со политички заговори, но и со економски кризи.
Големата реформа, којашто Диоклецијан ја спроведува во Царството, е секако
свртување кон провинциите и заживување на земјоделието, пред сè,
сточарството, овоштарството и лозарството. Оваа успешна реформа му ја
враќа економската моќ на Рим, но и авторитетот на императорот, кој пак, е
еден од ретките што заминува во мирување. Покрај одгледување на маслини и
мандарини, Диоклецијан во своите повозрасни години, на својот приватен
имот, се занимава и со лозарство. Кога е во прашање лозарството на
Апенинскиот Полуостров, уште од античките времиња од Медитеранот се
носат лозови насади, така што корените на AGLIANICO, ALEATICO,
MALVASIA DI CANDIA, MALVASIA BIANCO, MOSCATO и MOSCATELLI
– познати вина од Италија, имаат потекло од античка Македонија. Стена /
Stenae, како населба, живее сè до раниот среден век. На ова укажуваат
артефакти пронајдени при археолошки истражувања. Првите археолошки
истражувања во Република Македонија ги вршат Германците, во втората
половина на 19-от век. Спиридон Гопчевиќ, во својот патопис укажува на
разурнат град, со надземни градби, па дури и со мермерен милјоказ, којшто го
покажува правецот и оддалеченоста на Стоби. Римскиот период на Стена /
Stenae, а и на Тиквешкиот регион, е период на развиена трговија,
производство на земјоделски производи, меѓу коишто секако највисоко место
зазема виновата лоза. Во тој период, повторно виногорјето од Тиквешкиот
регион се префрлува спрема Солунското Поле, но и на север спрема градот
Велес. Во период на ранохристијанство Стена / Stenae (Демир Капија), има
повторно високо место во смисла на историските случувања. При
истражувањето на ранохристијанската базилика, што го реализирала
академик д-р Блага Алексова од 1952-1956 година, таа констатира дека
базиликата била изградена на култно место, односно врз раноантичка и
1
12
2