Page 14 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 14
спрема Свети Николе, стануваат производители на вино и одгледувачи на
винова лоза. Но, можеби и поради почвата, а веројатно и искуството, никој
пат не можат да го надминат квалитетот на тиквешките вина. Од времето на
големите турски освојувања, постои приказна дека султанот Мурат Трети,
одејќи со својата војска кон Косово, ја заобиколува Демир Капија, и во
Овчеполската котлина му приредуваат пречек, на којшто помеѓу останатото
го служат и со тиквешкото вино. Се зборува дека кога султанот го пробал
виното рекол: „Овој пијалок седум болести лекува“. Ние не знаеме на кои
болести мислел Султанот Мурат, но претпоставуваме дека со овие зборови
сакал да им се заблагодари на домаќините и да го пофали пијалокот којшто
навистина му се допаднал.
После влегувањето во рамките на Османотурската држава, во
Македонија почнуваат да се внесуваат и лозови насади од Мала Азија, пред
сè, лозје султанија, коешто е без семки и служи за сушење, а во сува состојба
се користи за разни облици на десерти. Исто така, во тој период се внесуваат и
други видови на лозја со црвено грозје, а коешто Турците го користат за
подготвување на маџун или виномед. Но кај христијанската популација, низ
вековите, црвеното вино како симбол на Христовата крв, го задржува своето
култно место и масовно се шири меѓу Христијаните. Во тој период,
Тиквешијата повторно започнува да го враќа приматот на најквалитетен
лозарски регион, пред сè, заради фактот што трговијата со вино била
проширена на сите окупирани територии под турска власт. Морам да
нагласам дека пред околу 300 години, Европа ја погодува првиот налет на
болеста филоксера, кој што пак, буквално ги уништува лозовите насади.
Болеста филоксера го напаѓа коренот на лозата и уништува. Во Европа пак, се
работело интензивно на спротивставување на оваа болест. Експертите од
Франција, Шпанија и Италија го бараат решението и го наоѓаат. Имено, на
дивите американски лозови подлоги (RIPARIA, BERNANDIERI и DILOT), се
калеми питома европска лоза и се добива европски клон, познат како Шасла.
Тој успешно се спротивставува на филоксерата и дава можност за
понатамошно вкрстување. Лозата која го дава прочуениот француски PINOT-
NOAR или црн бургундец, всушност настанала со вкрстување на
SENTEMILION, како мајка, и македонската Странушина, како татко. Подоцна
се прави и нов обид со вкрстувањето на SENTEMILION и Прокупец кој дава
слична лоза. Овие лози Французите ги носат јужно од Демиркапијскиот
теснец и еден период овој предел заживува како вински подрегион. Овој
вински регион покрај лозите кои ги даваат десертните вина, е погоден и за
асталските сорти, како што се Валандовскиот дренак и Белозимското грозје.
Тиквешкиот вински регион добива карактер на вински подрегион којшто се
протега од местото Градец - па до Идомене на југ, и Дојран (Тауриана) на
југоисток. Во втората половина на 19-от век, од изворите на Augustin Negrotto,
од неговта лична преписка со семејството во Франција, имаме податок дека од
тиквешкиот регион и валандовско-гевгелискиот подрегион, виното се
експортира за Франција. Во тој период проработува и пругата од Истанбул до
Париз, па на тој начин македонските вина полесно се транспортираат кон
западот. Тоа е период, кога повторно тиквешкиот регион станува ексклузивен
производител на вино, што укажува на интензивен развој на лозарството во
овој регион. Во овој период, веројатно, поради тоа што не постојат конкретни
докази, винските сорти на лоза се селат кон запад. Во 1911 година - па се до
1924 година, болеста филоксера повторно ги уништува лозовите насади во
Европа. Мал број од автохтоните вински сорти на лоза ја преживуваат оваа
катастрофа. Во 1925 година повторно еден благородник ја менува судбината
на овој регион. Имено, српскиот крал Александар Први Караѓореѓевиќ по
14
1
4