Page 17 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 17

Пиљац  од  Заводот  за  Молекуларна  микробиологија  при  институтот  „Руѓер
                     Бошковиѓ“  од  Загреб,  којашто  својата  докторска  дисертација  ја  работела  на
                     универзитетот „Давос“ во Калифорнија, на сознанијата на антиоксиданската
                     улога  на  фенолите.  Нејзиното  истражување  зборува  за  конзумирање  на
                     потребното количество на црвено вино коешто изнесува 0,15 литри за жени од
                     60 -65 кг, и 0,30 литри за мажи од 85 – 90 кг. Нејзиното  проучување се движи
                     во  насока  на  користење  на  виното  како  антиоксиданс,  и  во  таа  смисла,  е
                     неопходно да се испита апсорпциската можност на организмот којашто зависи
                     од виталноста на желудникот и дебелото црево. Со испитување на крвта, пред
                     и  после  конзумирање  на  црвеното  вино,  се  добива  јасна  слика  дали  истото
                     делува  како  антиоксиданс  или  не.  Што  се  случува  во  организмот  и  како
                     фенолните  соединенија  делуваат?  Најмоќните  фенолни  соединенија  имаат
                     собир на таканаречен Б-прстен. Од тој собир атомите на водород се отпуштаат
                     и  моќно  делуваат  на  елиминација  на  слободните  радикали,  а  слободните
                     радикали  се  одговорни  за  артериосклероза,  срцев  и    мозочен  удар,  разни
                     тумори  и  алцхајмеровата  болест.  Во  групата  на  моќните  феноли  спаѓаат
                     кверцетин,  катехин,  епикатехин,  ванилинска  и  кумаринска  киселина,  а  на
                     коишто им се придружува и антицијанот. Антицијанот е пигмент со структура
                     на фенол  и расвератрол. Тоа е фитоалексин што  билката го произведува во
                     стресни  состојби.  Алексинот  потекнува  од  грчкиот  збор  „алеко“  што  значи
                     „бранам“,  штитам.  Модифициран  облик  на  фенолот  е  танинот,  а  него  го
                     препознаваме  со  трпненење  на  јазикот.  Природните  антиоксиданси  се  и
                     витамините  Ц  и  Е.  Многу  малку  сме  информирани  дека  тие  се  помалку
                     потентни  од  фенолот.  Во  последно  време  се  бара  виното  Барик.  Значи,
                     суштината е во тоа што во дрвените буриња каде што црвеното вино созрева,
                     фенолите поминуваат во полифеноли и кои како моно единици на фенол се
                     врзуваат, па се добива посилен ахтиоксиданс. Она што треба да се знае е, дека
                     полифенолите не треба да се мешаат со полимеризирани феноли. Д-р Пиљац
                     фенолите  ги  истражува  со  тест  Folin-Ciocalteau,  каде  што  како  референтни
                     феноли се користат гална киселина и катехин, а антиоксидантната способност
                     се утврдува со Brand- Wiliamson- овата метода.
                            Покрај сите горе наведени превентивни делувања на одредени болести,
                     фенолите во иднина ќе претставуваат голем предизвик во медицината кога е
                     во прашање стареењето на човекот. Првите истражувања се вршени на клетки
                     на квасец коишто се сметаат за модел на  организам, пред да се премине на
                     експерименти  на  повисоко  развиени  форми.  Во  секој  случај,  ние  сме  на
                     самиот почеток на научниот пристап во проучување на лековитите својства на
                     виното. А за да не се добие впечаток дека сме несериозни кон оваа сфера, ќе
                     заклучиме со тоа што е дегинитивно докажано. Ако умерено пиете црвено или
                     бело  вино,  тоа  само  позитивно  ќе  се  одрази  -  како  во  ментална,  така  и  во
                     физичка смисла на вашиот организам. Виното треба да се пие, но умерено. А
                     најдобро се вклопува со медитеранската храна, каде што покрај маслиновото
                     масло,  обилно  се  користи  овошје  и  зеленчук,  но  и  риба  и  морски  плодови.
                     Доколку виното не е од квалитетно грозје и не е испочитуван критериумот за
                     негово созревање без помош на хемија, со технолошка логистика на стручен
                     тим и искусен енолог, не барајте феноли во тоа вино. Ако ги има, тие не се
                     толку  моќни  за  да  ја  одиграат  улогата  на  еден  од  најквалитетните
                     антиоксиданси во природата. Во овој момент е доста актуелна состојбата по
                     катастрофалниот  земјотрес  и  цунами  во  Јапонија.  Пастеровиот  институт  во
                     Франција  работи  на  проучување  и  на  делување  на  црвеното  вино  за
                     деконтаминирање на организмот од  радиоактивно зрачење. Во 70-те години
                     на 20 век, кога во светот се јави масовен отпор кон нуклеарните тестирања, во
                     тој  момент  почна  интезивно  да  се  проучува  степенот  на  контаминирање  на



                                                                                                   17
                                                                                                   1
                                                                                                   7
   12   13   14   15   16   17   18   19   20   21   22