Page 21 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 21

Посебна чест ми е да изразам

                            БЛАГОДАРНОСТ

                            Населбата Демир Капија, како и општина Демир Капија, должна е
                     благодарноста  кон  Господ,  кој  навистина  ѝ  подарил  толку  убавини  и
                     реткости.  Должи  на  својот  патрон,  Пресвета  Богородица,  која  ја
                     сочувала  населбата  и  луѓето  низ  сите  виори  на  војните,  болестите  и
                     природните  катастрофи.  Должи  на  неговото  величество,  Александар
                     Први  Караѓорѓевиќ,  кој  ги  удри  темелите  на  современа  и  урбана
                     населба. Должи и за името, кое и покрај притисоците да се промени во
                     Рашковиќево, не дозволи тоа да се случи.
                            Му  должи  на  починатиот  претседател,  г-дин  Борис  Трајковски,
                     кој цврсто застана на позициите Демир Капија да остане општина, на г-
                     дин  Јован  Ристов,  кој  со  својот  авторитет  помогна  да  се  заштитат
                     културно-историските  споменици  на  Демир  Капија.  Семејството
                     Еленови, кои безрезервно вложија свој капитал, Кралската визба да се
                     реставрира  и  ревитализира.  Г-дин  Трајче  Димитриев,  кој  како
                     градоначалник  со  својот  тим  отвори  ново  поглавје  во  изградба  на
                     современа  Демир  Капија,  со  целосна  посветеност  кон  тоа.  На
                     семејството  Будимировиќ,  кое  придонесе  за  отворањето  на  Музеј  на
                     Демир Капија, едно од најрепрезентативните простори во Демир Капија.
                             На американскиот народ, кој со својата помош овозможи голем
                     број  на  објекти  од  инфраструктурата  да  се  ревитализираат.  На  сите
                     добронамерни  граѓани,  кои  со  совојот  интелектуален  капацитет  и
                     креативност помогнале во современо обликување на Демир Капија, како
                     и  на  останатите,  кои  со  својата  скромна  помош  ја  искажале  својата
                     љубов кон сопствениот град.


                                                                                        Авторот













                                                                                                   2
                                                                                                   21
                                                                                                   1
   16   17   18   19   20   21   22   23