Page 16 - Koga po~nav da ja pi{uvam prikaznata za vino sakav da gi izbegnam site misti~ni stapici koi kako crveni rubini go osvetluvaat patot kon po~etok na ovoj bo`estven pijalok
P. 16

По осамостојувањето на Република Македонија, започнува нова ера на
                     винарство,  којашто  пак,  подразбира  производство  на  мали  количини  на
                     високо  сортни  вина  кој  тренд  уште  трае  во  Република  Македонија.
                     Моментално  во  Република  Македонија  работат  84  мали,  средни  и  големи
                     винарски визби, но и понатаму најголема концентрација на винарските визби
                     останува во тиквешкиот регион.

                             Невозможно е да се говори за виното во историски димензии без да се
                     спомене и научниот пристап во разоткривањето на пијалокот, којшто пак,  не
                     случајно низ епохите бил етикетиран како божествен.
                            Во светот интезивно се работи на истражување на содржината на овој
                     благороден  пијалок.  Најновите  истражувања  зборуваат  за  присуството  на
                     илјада  различни  состојки на  црното  вино,  а коишто,  пред  сè,  се  корисни за
                     човековиот организам. Сè поголем е бројот на лекари кои одобруваат умерено
                     конзумирање  на  црното  вино.  Гастронетролозите  упатуваат  на  тоа  дека,
                     темната  чоколада  и  чаша  црно  вино  дневно  можат  да  намалат  и  до  40
                     проценти од кардиоваскуларните заболувања. Тоа зборува за здрава исхрана,
                     во  којашто,  пред  сè,  се  вклучени  храна  и  пијалоци  коишто  се  природни
                     антиоксиданси.  Црното  вино  има  посебна  улога  во  воспоставување  на
                     психофизичката  хармонија,  а  којашто  е  основен  постулат  за  здравјето.  Но
                     истовремено, психијатрите предупредуваат на умереност при конзумирање на
                     алхохолни  пијалоци  воопшто,  бидејќи,  стресната  состојба,  состојбата  на
                     фуструраност,  го  прави  организмот  ранлив,  па  на  тој  начин  се  создаваат  и
                     услови за хронично внесување на пијалок во поголеми количини, што секако е
                     штетно за здравјето. Тоа пак, повлекува издиферинциран научен став којшто
                     во последно време не е актуелен, а тоа е дека кон менталното здравје треба да
                     посветуваме  повеќе  внимание,  отколку  кон  физичкото.  Во  секој  случај,  и
                     првото и второто се во конпактибилен однос. Многу е интересен фактот дека
                     и дијабетолозите им препорачуваат на пациентите по една чаша вино, но само
                     со  оброк,  бидејќи,  докажано  е  дека  црвеното  вино  ги  намалува
                     триглицеридите во крвта и влијае на функционирањето на инсулинот во сите
                     физиолошки  механизми  во  којшто  тој  учествува.  Присуството  на
                     расвератролот  ја  подобрува  сликата  на  липидот,  хемотстатскиот  баланс,
                     артерискиот притисок и инсулинската сензибилност. И не е случајно што кај
                     народот одамна се зборува дека црвеното вино ја подобрува крвната слика, а
                     неговата  улога  е  да  го  намали  собирањето  на  крвните  плочки  коишто  се
                     основен  ризик  за  создавање  на  тромб.  Како  и  кај  аспиринот,  така  и  кај
                     црвеното  вино  дејството  трае  6  часа  по  внесувањето.  Расвератролит  делува
                     антитромпбски со што се спречува појавата и развојот на тумор. Лекарите во
                     САД, во 1976 година, по истражувањата извршени кај жени, имаат установено
                     дека црвеното вино делува на подобро функционирање на мозокот, а пред сè
                     кај жените во постари години. Исто така, кога е во прашање алцхајмеровата
                     болест, истата поретко се јавува кај жени кои конзумираат црвено вино. Она
                     што  е  важно,  е  односот  помеѓу  произведувачот  и  потрошувачот.  Имено,
                     нашите произведувачи на вино одат кон стереотипен начин на информирање
                     на потрошувачот преку етикета и амбалажа, коешто претежно ги задоволува
                     етстетските  критериуми.  Сметам  дека  повеќе  информации,  како  на  пример,
                     калоричната вредност  на виното,  како и содржината на фенолот и неговото
                     антиоксидационо  делување,  е  нешто  што  во  смисла  на  маркетинг,    но  и  во
                     промоција  на  издавачката  дејност,  е  само  во  прилог  на  произведувачот.
                     Морам  со  неколку  зборови  да  кажам  дека  покрај  црвеното  вино,  лековити
                     својства има и белото, а пред сè, етанолот и фенолните соединенија коишто се
                     антивирусни  и  антибактериски.  Морам  да  ѝ  се  заблагодарам  на  д-р  Јасенка



                                                                                                   16
                                                                                                   1
                                                                                                   6
   11   12   13   14   15   16   17   18   19   20   21