Златен Орел
Златен Орел - golden eagle - aquila chriysaetos
Тој е голема, супериорна и елегантна граблива птица. Има распон на крилјата повеќе од два метри (женката до 2,3 метри) и тежи од 4-6 кг. Женката е забележително поголема од мажјакот. Возрасните птици на главата и горниот дел од вратот имаат убава жолто – смеѓа боја па затоа некои народи го нарекуваат златен орел. Гнездата ги прави на карпите и многу ретко на дрвја. Инкубира едно до три јајца, вообичаено две. Најчесто се храни со желки, змии, мали лисици, куни, ласаци,з ајци, глодари, врани, гулаби и др. Зиме кога помалку ја има неговата главна храна се храни и од мрши. Во лизгачки лет достигнува брзина и до 190 км на час, а се претпоставува дека кога се обрушува во пикирачки лет со склопени крилја достигнува брзина и од 320 км на час со што ја достигнува брзината на сивиот сокол. Во лов тргнува најчесто рано наутро пред изгрејсонце, а се прибира во гнездото во самиот самрак. Се смета дека просечната должина на животот во дивината му е од 25-30 години.
Во заробеништво (во кавез) една птица живеела 46 години. Во Демир Капија во периодот 2010-2011 се регистрирани 2-3 парови златни орли.
