Железнички мост

Железничкиот мост во Демир Капија кој ја премостува реката Дошница и Бошава пред самиот влив во р. Вардар претставува ремек дело на железната конструкција изработена во 1882 г. во Германските погони на KRUP, Вествалија – Дортмунд. А во 1929 г. е направена реконструкција во фабричките погони во Р. Чешка – железарна Витковице. Мостот и денес постои и низ него се одвива железничкиот сообраќај.