Железничката станица Демир Капија е една од најстарите железнички станици во Р. Македонија, пуштена во употреба 1887г. Прв отправник на станица е Агостино Негрото. Во рамките на железничката станица работи ресторант а станицата е опремена со пумпи за вода за парните локомотиви. Името на железничката станица се должи на клисурата.