Воденица

Во централното градско подрачје се наоѓа афтентична воденица од првата половина на 19век. Воденицата е во релативно добра состојба и со нејзината реставрација ќе биде навистина редок и ексклузивен туристички објект.

Поставена е покрај река и служи за мелење на жито. Водата се води низ дрвени олуци – букичиња, со пририден пад до перките на воденичкото тркало кое го придвижува воденичкиот камен.