Вила Марија

1928г. Српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ по сугестија на експертите од Франција и Австрија одлучува да изгради винарска визба и плантажи со винова лоза во Демир Капија. Проектот за овој имот му го дава на кралскиот архитект Александар Дероко. Првобитно на имотот не е предвидена семејна вила, но по инсистирање на кралицата Марија во склоп на имотот се гради и вила. Вилата е отпочната со градба 1931г. а како подарок за вилата, работилница за керамички производи од Вршац, Р.Србија, подарува две кариатиди со висина од 2,80м. Кариатидите во 1941г. од управникот на имотот се закопани заради заштита од девастирање и грабеж. Во 60-тите години при длабоко орање истите се пронајдени и поставени пред влезот во вилата. Кралскиот имот е пуштен во употреба 1931г. кога се удрени темелите на црквата на св. Богородица. Имотот ја опфаќал винарската визба со пратечките објекти, а на оддалеченост од 2км е изградена ергела за коњи липицанери. Во 2001г. на предлог на г-дин.Звонимир Будимировиќ, советник на градоначалник за култура и културно наследство, советот на општината донесува одлука имотот да се стави под заштита на Р.Македонија. Објектот е од сопствениците, компанија Еленови, а врз основа на проектот на завод за заштита на споменици на културата на Р.Македонија, реставриран и пуштен во употреба. Денес претставува една од најатрактивните понуди за винскиот туризам во општина Демир Капија и Р.Македонија.