Варница

Во Демир Капија кратко време работела и варницата за печење на вар. Започнала со работа 1948 г. а по укинувањето на Демир Капија како општински центар во 1956 г. престанала со работа. Објектот е интересен во туристичка смисла, но бидејќи повеќе од 50 години не е во функција неопходно е да се направи конзервација и реставрација на истиот.