Црква Света Богородица

1931г.удрени се темелите на црквата Св. Богородица. Црквата е градена на место на кое пред земјотресот со епицентар во с. Пирава кај Валандово постоела црка посветена на св. Атанасие. Не е случајно што новата црква е поврзана со Богородица бидејќи на локалитетот на ранохристијанската базилика во првата половина на 14 век е обновена и доградена црква посветена на св. Богородица и истата пред крајот на 14 век ја разурнуваат Турците. Црквата св. Богородица во Демир Капија е пуштена во служба 1937г. во рамките на панихидата посветена на починатиот крал Александар втори Караѓорѓевиќ. На отварање на црквата присуствува и кралицата Марија. Архитектот на овој објект е Александар Дероко кој оваа црква ја проектирал слично на големиот храм на Опленец. Црквата често пати ја спомнуваат како мал Опленец.