Добредојдовте во Музејот на Виното
ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБСАЈТОТ НА МУЗЕЈ НА ВИНОТО
Патот на виновата лоза е приказна која не враќа 6000 години во минатото од нејзината прапостојбина Грузија (Џорџија) и приказна која зборува за нејзиното високо симболичко естаблирање во духовната но и во световната култура. Како стебло ја симболизира општествената генеза на племенското кон националното, но и на царските и кралевските династии. Од друга страна сокот од плодовите на виновата лоза наречен vinum или вино претставува не само обичен пијалок туку и ритуален и обичаен медијатор кој го прочистува и телото и духот. Неговите божествени промотори се Дионис и Бахус, а кај христијанската религија Исус и св. Трифун. Како храна но и како лек за телото и душата станува ексклузивен пијалок издигнат на тронот како единствен пијалок кој го поврзува земното со надземното, природното со над природното. Ние, човечкиот род, сме само дел од неговата возвишена мисија на патот на развојот на човековата цивилизација.
Ви пожелуваме здравје и прекрасно расположение со чаша црвено вино.






Бокал за вино за потребите на Италијанската аристократија изработен од мајолика во Милано во втора половина на 19 век, рачно декориран. Чаша за вино изработена од дуван кристал во Чешка со рачно изгравирана представа на елен. Користено е во ловните куќи на австиската аристократија. Кристален пехар за вино изработен за потребите на дворот на Марија Терезија во Чешка, рачно изгравиран. Користен во лов на имотот на кралицата. Кралско шише, шише од прозирно стакло произведено во Италија за потребите на кралската визба во Демир Капија. Шишето е автентично со втиснат грб на кралското семејство Караѓорѓевиќи и во него е полнето вино од 1933г. Шише за коњак втора половина на 19 век изработено од мајолика и рачно декорирано. Уникатно е и за потребите на непознати дестилатери од Франција изработено во Унгарија. Комплет за вино од боено стакло од чешка компанија бохемија изработен рачно, декориран. Крај на 18 и почеток на 19век
Дојдете ни во посета
Демир Капија
и Музеј на Виното
Арх. наоди од оваа Област






Дојдете ни во посета
Музеј на Виното
Нашиот професионален Персонал ве очекува
