Обичен Глувчар
Обичен Глувчар - Buzzard - Buteo buteo
Има распон на крилјата од 120cm. Овој вид на граблива птица е често присутен. Инкубира 2-4 јајца и има добра успешност во гнездењето. Се храни со глувци, кртови и мали птици. Корисен е за земјоделците бидејќи го намалува бројот на штетниците на посевите. Практично е во широките ( и без дрвја) полиња да се поставуваат платформи на кои глувчарот ќе може да си изгради гнездо или од кои ќе може да го набљудува и штити полето и посевот.
