царски орел
Царски Орел (Орел Крсташ) - Eastern imperial eagle - Aquila heliaca
Ова е многу редок и загрозен вид кој е пред исчезнување од Македонија. Има распон на крилјата до 210 цм и тежина до 4,5 кг. Прави големи гнезда на високи, стари дрвја, осамени или во шуми. Ловното подрачје му се отворените терени: степи, пасишта, земјоделски површини и сл. Главно се храни со мали цицачи, со гулаби, врани и др птици, со змии, желки, гуштери, зајци, ежови и сл. Инкубира 2-3 јајца, но има многу мала просечна успешност во подигањето млади. Се среќава во низината северно од Демиркаписката клисура каде во недостаток на поволни природни места за гнездење прави гнезда и на високо напонски столбови. Во народот има верување дека орелот крсташ го штити полето и земјоделците од невреме, град и сл.
