За Музејот
Музејот на Виното Демир Капија оворен е на 07.11.2010 г.денот на ослободувањето на Демир Капија. Сместен е во центарот на градот (централно градско подрачје), на ул. Маршал Тито бб.Демир Капија.
Работно време:
Понеделник до Петок од 8ч до 15ч , Сабота и Недела по потреба.
телефон за контакт 043 366 502,e-mail: museumdk[at]gmail.com
Лице за контакт Звонимир Будимировиќ 077 764 290
Персонал на Музејот на виното:
1.Звонимир Будимировиќ-проект менаџер,
2.Цветанка Тодоровска Митрева-кустос археолог,
3.Марија Митрева,етнолог,

Историјат
IN VINO VERITAS – Во виното е вистината
Музејот на виното во Демир Капија свечено го отвори градоначалникот на општината во присуство на високи функционери на државни институции, претставници на странски амбасади и локални граѓани на 7.11.2010 год..
До овој момент тој е единствен од ваков вид во Р.Македонија, еден од 5те во Европа , и 12 во светот. Музејот го слави виното и конзумната култура

Демир Капија е чиста еколошка средина, (нема погони со тешко – загадувачка индустрија), произведеното грозје е квалитетно и здраво. Лозјата се наводнуваат со чиста вода која што тече од трите реки, Бошава, Дошница и Вардар. Од таа прична во овој микровински регион егзистираат неколку винарии кои со своите високо сортни вина го нашле патот кон европските пазари.
Музејот во себе содржи три одделенија: археологија, винска галерија и галерија за изложби и презентации, кои пак од своја страна располагаат со артефакти кои го отсликуваат историското минато на Демир Капија од праисторија до денес врзани со различни периоди на развојот на овој крај, и многу експонати кои што зборуваат за богатата традиција на винската култура забележани преку многубројните прикази на богот Дионис –богот на виното и баханалиите, разни пехари за пиење вино, антички садови за мешање на вино со потекло од Демир Капија, алатки за обработка на земјата и сл.

Уникатните сорти на вино во овој крај како кратошијата-вино со темно винска боја, егзистирале од најстари времиња во форма на виното Акрато, вино кое што го пиел Алесандар Македонски со неговата војска
Дека навистина виното е пијалок со посебна убавина сила и моќ зборува и фактот што тоа служи како медијатор за расположение на душата потврден со многубројните латински сентенци кажани за него , VINA DANT ANIMOS-виното дава расположение, VINO INTRANTE FORAS SUBITO SAPIENTIA VADIT – штом виното ќе влезе паметта веднаш излегува надвор, IN VINO VERITAS – во виното е вистината, VINUM LAK SENUM – виното е млеко за старците, POST VINUM VERBA POST IMREM HERBA – по виното се раѓаат зборовите по дождот расте трева.
Овде во Демир Капија централна манифестација е празникот Св.Трифун заштитникот на лозарите и винарите, кога во присуство на свештени лица со вино и закројување на лоза се означува почетокот на лозарските активности.
Лого на Музејот
Museum Logo



За лого на Музејот е одбран Кратер – бронзен сад за разблажување (мешање) на вино. На логото е прикажан кратерот од с. Требениште – Охрид, изработен од бронза со висина од 72см, во горниот дел пластично е украсен со Медузи и змиски глави како и прикази на коњаници во галоп, со волутести дршки на вратот и стои на троножно постоље. Крај на 6 век стара ера.
Можете да погледате и видео за КРАТЕРОТ од Корешница близу Демир Капија
Видео на Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=4biV56qeF4o&t=7s
Соработка, Стратегија, Иницијативи
Музејот на виното за кратко време од своето постоење оствари соработка со голем број на институции, но примарниот простор каде што оваа соработка се артикулира се винарските визби. Всушност Музејот на виното е маркетиншки простор за производителите на вино од тиквешијата бидејќи реално претставува финале во промоцијата на производството на вино. Винарските визби со кои што е воспоставена блиска соработка се кралската винарија Вила Марија, винаријата Стоби, Тиквеш, Попова Кула и од малите винарии Бовин, Капија и винаријата Филевски.
Покрај соработката на винарските визби во Тиквешијата, Музејот за вино Демир Капија активно соработува со агенцијата за подршка и развој на туризмот на Р.Македонија, стопанската комора на општина Флорина Р. Грција, со Министерството за туризам на Р.Србија, ЦЕНЕТ-европскиот проект вински пат, Хотам на Р. Македонија, сектор за култура при општина Долгопол Р. Бугарија, музеите од Р. Македонија и странство, тур оператори, медиуми и сл. Интересен е податокот дека презентацијата на нашиот музеј на ТВ Канал 5 се има репризирано над 50 пати што е апсолутно рекорд кога е во прашање репортажа од било кој вид на електронски медиум.


Музејот во својата развојна стратегија има зацртано уште три одделенија со кои ќе се комплетира неговата внатрешна содржина. Имено се планира отварање на оделение за природни реткости со акцент на орнитологија, етнолошка поставка-македонска соба и уредување на подземен дел на музејот во салата за дегустација на вина кои ќе бидат за потребите на промоција на винарските визби на Р.Македонија.
Нашите иницијативи се врзани за поголема соработка со музеите од сличен карактер во Европа и надвор, соработката со научните институции и изготвување на соодветни публикации и сл. Организирањето на археолошки камп со светските универзитети, активно учество на сите манифестации од областа на винскат култура, како и учество во реализација на проектот аграрен туризам, учество во реализација на идејните проекти како што се реставрација на железничката станица во Демир Капија со поставување на парна локомотива и вагон од минатото, реставрација на пипераната, воденицата, ковачката работилница, метеоролошката станица, поштата, отварање на пештерата Бела Вода и истражување на пештерата Горен Змејовец, археолошки локалитети, истражување на античкиот град Стенае, реставрација на средновековниот град Просек, реставрација на мавзолејот во с.Барово се дел од приоритетите во стратегијата за работа на нашиот музеј.
Исто така природните реткости-Демиркаписката клисура, долината на платаните-јавори во с.Иберли, долината на кактусите во с.Клисура, долината на лина-тиса како и заштита на белоглавиот орел и црниот орев се активности кои стојат високо на списокот на приоритети на нашата институција.
Во иницијативите на музејот се и заштитта на карактеристичните архитектонски градби,верски објекти, мостови и природни предели ……