Волновлачара

Волновлачара во с. Корешница, Демир Капија е интересен пример за индустриското наследство во Македонија. Тоа е машинска работилница со технологија од првата половина на минатиот век и служи за прочистување на волната после стрижење на овците. Во приватна сопственост е и музејот прави напори да се вклучи во туристичката понуда на Демир Капија.