Одделение за презентација, зачувување и заштита на природното наследство

Museum Logo

Во Музејот Демир Капија од март 2013 започна со работа Одделението за презентација, зачувување и заштита на природното наследство.

Презентација та на демиркапиското природно наследство во објектот на музејот ја правиме, за сега само со литературата која ја имаме: книги, монографии, определители ( „клучеви” ) за распознавање на видовите птици, печатени научни трудови, елаборати, студии во врска со природното наследство на Демир Капија и сл. Имаме и неколку ТВ научно – популарни филмови (како што се: „Демир Капија” на ТВ Белград од 1990 г., „Белоглавиот суп” на МТВ од 1991 г. и др.). Овие ТВ филмови може да се гледаат во салата за видео презентација во музејот.

Во подготовка ни е природо-научна поставка (со нагласок на птиците) во една просторија од музејот.

Презентацијата на демиркапиското природно наследство ја вршиме и на терен во прекрасната природа каде заинтересираните туристи, истражувачи, љубители на природата, ученици и студенти, набљудувачи на птиците може да уживаат во чудесно богатиот и разновиден свет на природата на Демир Капија и тоа на не многу голем простор, нешто по што Демир Капија е одамна и надалеку прочуена. За набљудување на птиците, посебно грабливите птици даваме техничка подршка со двогледи и квалитетен телескоп (од 30х-60х) и статив.

Активностите околу зачувувањето и заштитата на природното наследство се разновидни и многу покомплексни:

ја следиме и проучуваме легислатвата во врска со природата

-комуницираме преку писма, барања, предлози и сл. со надлежни институции на повисоко, државно ниво.

-ги следиме искуствата и најдобрите практики во светот за да ги примениме на локално ниво .

-разработуваме планови и стратегии за еколошки одржив туризам во нашата општина.

-комуницираме со разни засегнати страни: ловци, сточари, земјоделци, дрвари и др. -комуницираме и соработуваме со експерти и НВО-и во земјава и од странство.

-вршиме мониторинг на состојбите и трендовите во природата, на заканите и проблемите и бараме решение за што поголема зачуваност и заштита на нашето природно наследство.