Орел Змијар
Орел Змијар - Short - toed eagle - Circaetus galicus
Има распон на крилјата од 190 cm. Неговиот лет кога лови е многу типичен и спектакуларен за набљудување. Над ловното подрачје “застанува” во место треперејќи со крилјата и ако со остриот вид фиксира некаков плен-храна на земјата почнува да се спушта право надолу како падобран, полека и тивко. Се храни со змии и гуштери. Една возрасна птица годишно лови повеќе од 150 змии, дури и отровници. Во Демир Капија се гнездат 5-7 пара и тоа би значело дека тие секоја година ја намалуваат популацијата на змии во овој регион за 2-3 илјади змии . Орелот змијар инкубира само едно јајце. Прави гнезда во круната на невисоки дрвја и жбунови. Зимува во Африка.
