Видео - Галерија За Изложби
Представување на галерија за изложби
Галеријата за изложби е третото опремено одделение во музејот на виното. Тоа е просторот каде што уметниците ги изложуваат своите дела и каде што постои можност за прикажување на видео материјал со различна содржина. Во овој момент тука се изложени фотографии на стара Демир Капија, односно приказ на најстарите моменти во Демир Капија забележани со фотографски апарат. Изложбата е насловена како времеплов или Демир Капија преку стара фотографија. Тоа е патување низ историјата на Демир Капија забележано преку фотографии започнувајќи од крајот на 19 век преку приказ на првиот отправник на возовите на, првата фудбалска топка, ергелата со коњи липецанери во стопанството, натписот на германскиот цар Вилхелм 2 од 1916год. културното уметничко друштво Мирка Гинова Демир Капија итн. Во заеднички проект на музејот и општина Демир Капија направен е првиот видеоматеријал за Демир Капија каде што со слики и текст со еден видео запис даден е целосен приказ на Демир Капија со нејзината местоположба, природата, климата, основните стопански гранки, природните реткости, археолошките локалитети и сл., со еден збор убавините на Демир Капија, нејзината мистичност , култура и традиција.

