РАСТИТЕЛЕН СВЕТ – ФЛОРА
На варовничкиот масив „Демир Капија” и непосредната околина се констатирани над 200 видови на дрвенести и зелјести растенија. Овој број значително би се зголемил ако се земат во предвид и видовите кои растат по нивите и напуштените земјоделски површини.
Најголемо флористичко богатство се наоѓа на источните падини на Крастовец, т.е. во сливот на Клисурска река, а најспецичната флора е сконцентрирана на северните падини на Крастовец и на стрмолиите на варовничкиот теснец Демир Капија.
Со истражувањата овде се регострирани: 17 видови флорни и балкански ендемити, 4 видови субендемити, 16 видови се медитерански, 22 видови се субмедитерански и 19 видови се средноевропски флорни елементи.
Значајно е да се истакне дека 11 видови со јужна или степска распространетост во Демиркаписката клисура го завршуваат својот ареал. Според Матвеев и Пунцер (1989г.) во Демир Капија се застапени два пределски типови (биоми):
1. Предел на медитерански и зимзелени шуми и макии
2. Предел на субмедитерански широколистни шуми и шибјаци
Download click HERE.
