Демиркаписко природно наследство

Museum Logo

Демиркаписката клисура и варовничкиот масив „Демир Капија” ( со нивната непосредна околина ) со нивното богатство од различни природни феномени се единствен локалитет на Балканот па и во Европа. Согласно Директивата за живеалишта на ЕУ, неколку видови природни живеалишта во Демир Капија се идентификувани како важни: Juniperus exscelsa Bieb, рамнински шумовити предели и појаси, суви зелени површини, пештери, казмофитска вегетација на гребени и стени итн.
На варовничкиот масив Демир Капија има палеонтолошки локалитети (со фосилни наоди ) кои се мошне значајни за условите во периодот горна Јура во Вардарската зона но и пошироко на Балканот. Значајни гео-локалитети се пилоу-лавите кои со својата генеза и атрактивна појава се реткост на Балканот.

Големиот биодиверзитет на ретки и загрозени видови на растенија, габи, инсекти, птици, влекачи и др. во Демир Капија има голем удел во севкупниот национален биодиверзитет.

Под заштита на Законот се еден предел и еден вид:

1. Како „Споменик на природата” е заштитен (од 1960г. ) варовничкиот теснец Демир Капија и делот од варовничкиот масив што е на левата страна на р. Вардар ( Просек )

2. Како „Индивидуални растителни животински видови надвор од природни резервати” е заштитена (од 1963г.) шумата од источни платани ( platanus orientalis ) во тесното корито на Иберлиска ( Челевечка ) река со површина од 25 ха.

Предложени за заштита како „Природни резервати за научно истражување” се два локалитети: Клисурска река и Студена глава – Рид Трнка. Предложени за заштита како „Споменици на природата” се уште четири локалитети: „Краставец, пештерата Бела вода, Штудер и Црни ореви”