• Hidria

Соработка, стратегија и иницијативи

 

Музејот на виното за кратко време од своето постоење оствари соработка со голем број на институции, но примарниот простор каде што оваа соработка се артикулира се винарските визби. Всушност Музејот на виното е маркетиншки простор за производителите на вино од тиквешијата бидејќи реално претставува финале во промоцијата на производството на вино. Винарските визби со кои што е воспоставена блиска соработка се кралската винарија Вила Марија, винаријата Стоби, Тиквеш, Попова Кула и од малите винарии Бовин, Капија и винаријата Филевски.

Покрај соработката на винарските визби во Тиквешијата,  Музејот за вино Демир Капија активно соработува со агенцијата за подршка и развој на туризмот на Р.Македонија, стопанската комора на општина Флорина Р. Грција, со Министерството за туризам на Р.Србија, ЦЕНЕТ-европскиот проект вински пат, Хотам на Р. Македонија, сектор за култура при општина Долгопол Р. Бугарија, музеите од Р. Македонија и странство, тур оператори, медиуми и сл. Интересен е податокот дека презентацијата на нашиот музеј на ТВ Канал 5 се има репризирано над 50 пати што е апсолутно рекорд кога е во прашање репортажа од било кој вид на електронски медиум.

Музејот во својата развојна стратегија има зацртано уште три одделенија со кои ќе се комплетира неговата внатрешна содржина. Имено се планира отварање на оделение за природни реткости со акцент на орнитологија, етнолошка поставка-македонска соба и уредување на подземен дел на музејот во салата за дегустација на вина кои ќе бидат за потребите на промоција на винарските визби на Р.Македонија.

Нашите иницијативи се врзани за поголема соработка со музеите од сличен карактер во Европа и надвор, соработката со научните институции и  изготвување на соодветни публикации и сл. Организирањето на археолошки камп со светските универзитети, активно учество на сите манифестации од областа на винскат култура, како и учество во реализација на проектот аграрен туризам, учество во реализација на идејните проекти како што се реставрација на железничката станица во Демир Капија со поставување на парна локомотива и вагон од минатото, реставрација на пипераната, воденицата, ковачката работилница, метеоролошката станица, поштата, отварање на пештерата Бела Вода и истражување на пештерата Горен Змејовец, археолошки локалитети, истражување на античкиот град Стенае, реставрација на средновековниот град Просек, реставрација на мавзолејот во с.Барово се дел од приоритетите во стратегијата за работа на нашиот музеј.

Исто така природните реткости-Демиркаписката клисура, долината на платаните-јавори во с.Иберли, долината на кактусите во с.Клисура, долината на лина-тиса како и заштита на белоглавиот орел и црниот орев се активности кои стојат високо на списокот на приоритети на нашата институција.

Во иницијативите на музејот се и заштитта на карактеристичните архитектонски градби,верски објекти, мостови и природни предели ......

  • Facebook Page: 452294554877169
  • Google+: 115271748317670000228
  • Linked In: profile/view?id=310731630
  • Picasa: 110937946836489424575
  • Twitter: MuseumOfWine
  • YouTube: channel/UCNwQkvhkoRYeigMgN5i88Tg