• Hidria

Историјат на музејот

 

 


Музејот на виното во Демир Капија свечено го отвори градоначалникот на општината во присуство на високи функционери на државни институции, претставници на странски амбасади и локални граѓани на 7.11.2010 год..

До овој момент тој е единствен од ваков вид во Р.Македонија, еден од 5те во Европа , и 12 во светот. Музејот го слави виното и конзумната култура, а причината за неговото постоење меѓу другото е таа што Демир Капија е дел од областа Тиквеш каде што основната дејност на егзистенција на населението е земјоделието, т.е.- одгледувањето на виновата лоза и  производство на вино. Бидејќи Демир Капија е чиста еколошка средина, (нема погони со тешко – загадувачка индустрија), произведеното грозје е квалитетно и здраво. Лозјата се наводнуваат со чиста вода која што тече од трите реки, Бошава, Дошница и Вардар. Од таа прична во овој микровински регион егзистираат неколку винарии кои со своите високо сортни вина го нашле патот кон европските пазари. Музејот во себе содржи три одделенија: археологија, винска галерија и галерија за изложби и презентации, кои пак од своја страна располагаат со артефакти кои го отсликуваат историското минато на Демир Капија од праисторија до денес врзани со различни периоди на развојот на овој крај, и многу експонати кои што зборуваат за богатата традиција на винската култура забележани преку многубројните прикази на богот Дионис –богот на виното и баханалиите, разни пехари за пиење вино, антички садови за мешање на вино со потекло од Демир Капија, алатки за обработка на земјата и сл. 

Уникатните сорти на вино во овој крај како кратошијата-вино со темно винска боја, егзистирале од најстари времиња во форма на виното Акрато, вино кое што го пиел Алесандар Македонски со неговата војска. Дека навистина виното е пијалок со посебна убавина сила и моќ зборува и фактот што тоа служи како медијатор за расположение на душата потврден со многубројните латински сентенци кажани за него , VINA DANT ANIMOS-виното дава расположение, VINO INTRANTE FORAS SUBITO SAPIENTIA VADIT - штом виното ќе влезе паметта веднаш излегува надвор, IN VINO VERITAS - во виното е вистината, VINUM LAK SENUM - виното е млеко за старците, POST VINUM VERBA POST IMREM HERBA - по виното се раѓаат зборовите по дождот расте трева. Овде во Демир Капија централна манифестација е празникот Св.Трифун заштитникот на лозарите и винарите, кога во присуство на свештени лица со вино и закројување на лоза се означува почетокот на лозарските активности.

 

  • Facebook Page: 452294554877169
  • Google+: 115271748317670000228
  • Linked In: profile/view?id=310731630
  • Picasa: 110937946836489424575
  • Twitter: MuseumOfWine
  • YouTube: channel/UCNwQkvhkoRYeigMgN5i88Tg