• Hidria

Црква Св. Богородица

 

 

 1931г.удрени се темелите на црквата Св. Богородица. Црквата е градена на место на  кое пред земјотресот со епицентар во с. Пирава кај Валандово постоела црка  посветена  на св. Атанасие. Не е случајно што новата црква е поврзана со  Богородица бидејќи на  локалитетот на ранохристијанската базилика во првата  половина на 14 век е обновена и  доградена црква посветена на св. Богородица и  истата пред крајот на 14 век ја  разурнуваат Турците. Црквата св. Богородица во  Демир Капија е пуштена во служба  1937г. во рамките на панихидата посветена на  починатиот крал Александар втори  Караѓорѓевиќ. На отварање на црквата  присуствува и кралицата Марија. Архитектот на  овој објект е Александар Дероко кој  оваа црква ја проектирал слично на големиот храм  на Опленец. Црквата често пати ја спомнуваат како мал Опленец.


 

  • Facebook Page: 452294554877169
  • Google+: 115271748317670000228
  • Linked In: profile/view?id=310731630
  • Picasa: 110937946836489424575
  • Twitter: MuseumOfWine
  • YouTube: channel/UCNwQkvhkoRYeigMgN5i88Tg