Одделение за презентација, зачувување и заштита на природното наследство

Во Музејот Демир Капија од март 2013 започна со работа Одделението за презентација, зачувување и заштита на природното наследство.

Презентација та на демиркапиското природно наследство во објектот на музејот ја правиме, за сега само со литературата која ја имаме: книги, монографии, определители ( „клучеви” ) за распознавање на видовите птици, печатени научни трудови, елаборати, студии во врска со природното наследство на Демир Капија и сл. Имаме и неколку ТВ научно – популарни филмови (како што се: „Демир Капија” на ТВ Белград од 1990 г., „Белоглавиот суп” на МТВ од 1991 г. и др.). Овие ТВ филмови може да се гледаат во салата за видео презентација во музејот.

Во подготовка ни е природо-научна поставка (со нагласок на птиците) во една просторија од музејот.

Презентацијата на демиркапиското природно наследство ја вршиме и на терен во прекрасната природа каде заинтересираните туристи, истражувачи, љубители на природата, ученици и студенти, набљудувачи на птиците може да уживаат во чудесно богатиот и разновиден свет на природата на Демир Капија и тоа на не многу голем простор, нешто по што Демир Капија е одамна и надалеку прочуена. За набљудување на птиците, посебно грабливите птици даваме техничка подршка со двогледи и квалитетен телескоп (од 30х-60х) и статив.

Активностите околу зачувувањето и заштитата на природното наследство се разновидни и многу покомплексни:

ја следиме и проучуваме легислатвата во врска со природата

 -комуницираме преку писма, барања, предлози и сл. со надлежни институции на повисоко, државно  ниво.

 -ги следиме искуствата и најдобрите практики во светот за да ги примениме на локално ниво .

 -разработуваме планови и стратегии за еколошки одржив туризам во нашата општина.

 -комуницираме со разни засегнати страни: ловци,   сточари, земјоделци, дрвари и др. -комуницираме и соработуваме со експерти и НВО-и  во земјава и од странство.

 -вршиме мониторинг на состојбите и трендовите во  природата, на заканите и проблемите и бараме  решение за што поголема зачуваност и заштита на  нашето природно наследство.

 

  • Facebook Page: 452294554877169
  • Google+: 115271748317670000228
  • Linked In: profile/view?id=310731630
  • Picasa: 110937946836489424575
  • Twitter: MuseumOfWine
  • YouTube: channel/UCNwQkvhkoRYeigMgN5i88Tg