• Hidria

Кања

  

Кања (египетски мршојадец) - egyptian vulture-neophron  percnopterus

 

 

Тоа е најмалиот од четирите видови европски мршојадци, со распон на крилјата од 150-180 цм и тежина до 2,4 кг. Се гнезди во мали пештери или во непристапни дупки на карпите, jаде остатоци од други мршојадци и предатори а посетува и ѓубришта покрај селата и поголеми депонии. Кањите инкубираат по едно до три јајца но ретко подигнуваат и две млади. Кога мигрираат најчесто се во пар но понекогаш се собираат и по стотина парови на места како големи депонии каде има доволно храна за сите. Есента1993г. во времето на миграцијата имаше масовно труење на 65 кањи кај градската депониј кај Неготино предизвикана од дератизацијата направена од комуналното во Неготино. Со тоа беше осакатена целокупната популација на овој значаен вид во Македонија. Во 1991 г. во цела Македонија имаше околу 120 парови, а во Демир Капија имаше 10 парови кањи. После масовното труење кај Неготино популацијата на кањи насекаде во Македонија е во постојан и рапиден пад. Во 2007 г. во Македонија има само 30 парови, а во 2012 г. само 22-25 парови. Последниве неколку години во Демир Капија има само еден активен пар на кого оваа 2013 му пропадна леглото во почетна фаза на инкубацијата. Причина за тоа е изградбата на автопатот на начин кој е целосно безобзирен кон природата. Можно е следната година да немаме ни еден пар кањи и така овој вид засекогаш да исчезне од Демир Капија.

 

 

 

 

 

  • Facebook Page: 452294554877169
  • Google+: 115271748317670000228
  • Linked In: profile/view?id=310731630
  • Picasa: 110937946836489424575
  • Twitter: MuseumOfWine
  • YouTube: channel/UCNwQkvhkoRYeigMgN5i88Tg