• Hidria

Птиците - орнитофауна

Првите научни истражувања на Демир Капија ги направиле орнитолозите: Стресеман (1920),  Дофлеин (1921) и Макач (1950).

Во периодот 1980-1991 (повеќе интензивно) и до 2002г. (помалку) орнитолошкиот локалитет Демир Капија го проучуваше и го презентираше (преку научни трудови но и во пошироката јавност)   орнитологот братислав Грубач од Србија.

Последниве неколку години Демир Капија интензивно ја мониторира и истражува младиот орнитолог д-р. Методија Велевски од Македонското еколошко друштво.

Инаку, повеќегодишниот мониторинг и проучување на птиците со континуираното споредување на податоците, даваат одлични показатели за многу промени и трендови во природата.

Од 2005г. Македонија е кандидат за членство во ЕУ и има обврска да го усогласи своето со законодавството на ЕУ за заштита на природата во кое спаѓа и Директивата за заштита на дивите птици и Директивата за живеалиштата. Птиците се најважен столб во ЕУ законодавството за природата. Во Европа природно се среќаваат 550 видови птици. Вкупниот број на видови птици во Р. Македонија е 318. Бројот на видови на птици во Демир Капија е 148 што е 46,5% од вкупниот број видови во Македонија. Претходниот податок е од научниот труд (во подготовка) со наслов: „Птиците во значајното подрачје за птиците (ЗПП) во Македонија-Демиркаписка клисура-состав, статус и валоризација”

Според овој труд од  148  видови птици  во  Демир Капија: 60 видови постојано живеат во ова ЗПП, 45 видови се летни посетители, 15 видови овде зимуваат, 15 видови се миграциони и 9 видови се забележуваат повремено. Според овој труд и според публикацијата

oд (2010г.): „Значајни подрачја за птиците во Македонија: места од глобално и европско значење” подготвена од МЕД (кое е национален претставник на Bird Life Internation) најважни видови на птици во ЗПП Демир Капија се:

 

1. Штрк - white stork - ciconia ciconia

2. Црн штрк - black stork  -ciconia nigra

3. Осојад - european honey buzzard - pernis apivorus

4. Црна луња - black kite - milvus migrans

5. Египетски мршојадец – egyptian vultute – neophron percnopterus

6. Белоглав мршојадец – griffon vulture – gyps fulvus

7. Орел змијар - short toed snake eagle - circaetus gallicus 

8. Краткопрст јастреб – levant sparrowhawk – accipiter brevipes

9. Лисест глувчар – long – legged buzzard – buteo rufinus

10. Златен орел – golden eagle – aquila chrysaetos

11. Мал орел – booted eagle – aquila pennata

12. Планински сокол – lanner falcon – falco biarmikus

13. Сив сокол – peregrine falcon – falco peregrinus

14. Еребица камењарка – rock partridge – alectoris graeca

15. Був – eurasian eagle owl – bubo bubo

16. Козодој – eurasian nightjar – caprimulgus europaeus

17. Рибарче – common kingfisher – alcedo atthis

18. Црн клукајдрвец – black woodpecker –dryokopus martius

19. Сириски клукајдрвец – syrian woodpecker -  dendrocopos syriacus

20. Среден клукајдрвец – middle spotted woodpecker –dendrocopos medius

21. Шумска чучулига – wood lark – lullula arborea

22. Обично страче – red-backet shrike – lanius collurio

23. Мало страче – lesser grey shrike – lanius minor

24. Нубиско страче – masket shrike – lanius nubicus

25. Градинарска стрнарка – corn bunting – miliaria calandra

26. Шпанско камењарче-black-eared wheatear-Oenanthe hispanica

27. Црвеногушесто грмушарче-subalpine warbler-silvia cantillans

28. Лазач грнчар-western rock nuthatch-sitta neumayer

29. Црноглава стрнарка-black headed bunting-emberiza melanocephala

 

  • Facebook Page: 452294554877169
  • Google+: 115271748317670000228
  • Linked In: profile/view?id=310731630
  • Picasa: 110937946836489424575
  • Twitter: MuseumOfWine
  • YouTube: channel/UCNwQkvhkoRYeigMgN5i88Tg