• Hidria

Археолошка поставка

Археолошката поставка во музејот на виното како основа и потврда за целокупното човечко постоење следено преку атеријалната култура на луѓето кои што тука живееле во минатото изобилува со прекрасни наоди на керамика - разни садови со утилитарно значење - амфори ,  , ( трпезни  и за транспорт )  грниња   , чинии ,  ,  стомни  за вода и вино , бокали за вода и вино , , чаши  од различни периоди на тој развој до големите питоси-садови вкопувани во земјата  кои служеле за чување на житарици итн. Керамичките лампи - луцерни  украсени со различни мотиви , малите вртенести садови – унгвентариуми  како гробни прилози, монетите и накитот уште еднаш ни кажуваат за тоа дека Демир Капија и целиот овој регион од секогаш претставувал многу важна дестинација за трговците и занаетчиите за рударите и случајните патници, староседелците  новодојдените и освојувачите. Двете убавици по своето сликарство и изработка-урните од периодот на доцно бронзеното време заземаат многу важно место во целата поставка. Тие се оригинални по изработката и цртежот  изведен врз нив, а нивната намена-како гробни наоди за чување на пепелта на покојникот сведочи за трендот на погребување на покојникот со спалување забележан кај сите народи од тој период, јужно и источно од нас. Концептот на разиграни и симетрично поставени артефакти зборува за високиот степен на естетика и чувство за внатрешно уредување на просторот, и од своја страна покрај артефактите само ја надополнува сликата на уникатност и оригиналност во обликувањето на цела оваа поставка.

 

  • Facebook Page: 452294554877169
  • Google+: 115271748317670000228
  • Linked In: profile/view?id=310731630
  • Picasa: 110937946836489424575
  • Twitter: MuseumOfWine
  • YouTube: channel/UCNwQkvhkoRYeigMgN5i88Tg